28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТСЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на мајмунските сипаници

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на мајмунските сипаници

Светската здравствена организација прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на мајмунските сипаници, откако ризикот во Европа беше опишан како „висок“, објави „Скај њуз“.

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи епидемијата на мајмунски сипаници за „глобална здравствена вонредна состојба“, објави „Скај њуз“.

Тедрос Аданом Гебрејесус на прес-конференција изјавил дека и покрај тоа што Комитетот на СЗО не може да постигне консензус, сепак прогласил вонредна состојба.

Тој додал дека ризикот на глобално ниво е „умерен“, освен во Европа каде што е „висок“.

Геј и бисексуалните мажи се несразмерно погодени од ширењето на вирусот, со 98% од заразените од оваа група.

Веб-страницата на Министерството за здравство на ОК во моментов ги наведува високата температура, главоболката, болките во мускулите, болки во грбот, отечени жлезди, треската и исцрпеноста како симптоми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП