19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДодека сите ги зголемуваат, Русија ги намалува каматните стапки

Додека сите ги зголемуваат, Русија ги намалува каматните стапки

Руската централна банка го одобри петтото последователно намалување на каматните стапки, со што повторно ги изненади економистите кои очекуваа помал потег, пренесува „Bloomberg“.

Централните банкари одобрија намалување на каматната стапка за 150 базични поени (бп), со што стапката се спушти од 9,5% на 8%. Регулаторот го презеде истиот потег на последниот состанок на почетокот на јуни, кога повторно отпиша 150 базични поени.

Олабавувачкиот циклус на монетарната политика, кој започна во април, беше поддржан од падот на инфлацијата и наглото заладување на економијата.

„Тековниот раст на потрошувачките цени останува низок, што придонесува за дополнително забавување на годишната инфлација. Ова се должи на влијанието на голем број еднократни фактори и намалената побарувачка на потрошувачите. Инфлациските очекувања на домаќинствата и претпријатијата значително се намалија, достигнувајќи нивоа од пролетта 2021-ва. Падот на деловната активност е побавен од прогнозата на банката во јуни“, пишува во соопштението на финансиската институција, додавајќи дека надворешното опкружување продолжува „значително да ја ограничува економската активност“ во земјата.

Најновите статистички податоци покажаа дека годишната инфлација во Русија минатиот месец забавила на 15,9 отсто, наспроти 17,1 отсто во мај. Според податоците, до 15-ти јули показателот дополнително се намали на 15,5% на годишна основа.

Според прогнозите на банката, инфлацијата во земјата ќе се намали на 12-15% во 2022-ра година, 5-7% во 2023-та година и ќе се врати на 4% во 2024-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП