Американскиот претседател Џозеф Бајден ја задолжи својата администрација да обезбеди дополнителна воена помош за Украина, вклучувајќи го и ракетниот систем HIMARS, како и 580 беспилотни летала од типот Phoenix Ghost, изјави Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност на Белата куќа.
Според него, дополнителниот пакет американска воена помош вклучува 36.000 гранати за претходно доставени минофрлачи и противтенковски системи, пренесе ТАСС.

