23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПроверете дали вашето тело е постаро од вас

Проверете дали вашето тело е постаро од вас

Постојат знаци кои укажуваат на тоа дека вашето тело е постаро од вас, па проверете дали препознавате некој од нив…

Тоа што сте во 30-тите навистина значи дека сеуште сте млади. Но дали и вашето тело е младо? Истражувањата покажаа дека се повеќе луѓе телесно се постари од својата возраст. Причина? Лошиот начин на живеење – нездравата исхрана, недвижењето, стресот, алкохолот, пушењето… Постојат знаци кои укажуваат на тоа дека вашето тело е постаро од вас, ова се тие знаци…

Проблеми со забите

Малку потемнетите заби се нормални за возраста помеѓу 30. и 50. година. Како нормално за оваа возраст се смета и малото губење на глеѓта и воспалување на непцата. Меѓутоа, не е нормално ако забите ви испаѓаат или ви се клатат, ако ве боли вилицата или ви крвави непцето.  Во таква ситуација важно е да се посети стоматологот и секако, да се одржува редовна хигиена.

Нејасен вид

По 45-тата година, повеќето луѓе си набавуваат очила затоа што не можат да ги читаат ситните букви и тоа е нормална појава. Меѓутоа, не е нормална појава ако на возраст од 30. до 50. години не можете јасно да ги гледате лицата и формите бидејќи се ви е матно или видното поле ви станало ограничено како да сте во тунел. Ако се соочувате со вакви симптоми, разговарајте со вашиот лекар.

Болки во зглобовите

Ако имате помеѓу 30 и 50 години, а болките во грбот и зглобовите ве мачат понекогаш, а болката не е долготрајна, можете да сметате дека здравјето ви е во ред. Но ако на оваа возраст ве болат зглобовите и грбот додека носите нешто во рацете или додека станувате, би требало да го посетите лекарот. Овие симптоми укажуваат на тоа дека во вашите зглобови започнало нешто да се случува.

Проблем со помнењето

Тоа што понекогаш заборавате нечие име или не можете да се сетите каде сте ги оставиле клучевите, потполно е нормално. Меѓутоа, не е нормално доколку секојдневно го барате вашиот автомобил на паркингот затоа што не се сеќавате каде сте го оставиле, ако тешко ги препознавате лицата, или пак ако клучевите случајно ги оставите во фрижидер. Проблемите со меморијата се дел од процесот на стареење, но ако забележите дека навистина често заборавате, тоа би можело да биде знак за деменција.

Претеран замор при физичка активност

Лесната задишаност после брзото одење или качување по скали е совршено нормална појава на возраст од 30. до 50. години, но ако забележите дека физичката активност ви предизвикува тешкотии како вртоглавици, сериозно губење на здивот или главоболки, треба да посетите лекар. Имено, овие тешкотии не се сметаат за нормални на оваа годишна возраст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП