27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќето работници во Германија пристигнуваат од Индија, а се повеќе има и...

Повеќето работници во Германија пристигнуваат од Индија, а се повеќе има и од нашиот регион

Германија како земја со добар животен стандард отсекогаш била рај за сите оние кои сакаат добро да заработат, а место за живеење пронајдоа и луѓето од Балканот.

Во таа земја пристигнуваат сè повеќе работници од земји кои не се во Европската унија – за 10 години нивниот број е тројно зголемен, објави во петокот Државниот завод за статистика.

На крајот на 2021 година во Централниот регистар на странци на Германија се регистрирани 295.000 лица со привремен престој заради вработување, а најголеми групи доаѓаат од Индија (33,9 отсто) и Босна и Херцеговина (26,3 отсто).

Нешто помалку од една четвртина се високообразовани и висококвалификувани специјалисти кои од 2012 година ја добиваат таканаречената сина карта – дозвола за престој и работа за висококвалификувани работници.

Една деценија претходно имаше само 90.500 странци од земји надвор од ЕУ со соодветна дозвола за престој.

Нагло се зголеми и доселувањето за работа од земјите на ЕУ.

Минатата година во Германија работеле околу 1,65 милиони странци од ЕУ, што е за 19 отсто повеќе отколку во 2017 година, кога започна собирањето податоци. Мнозинството се Полјаци, 23 отсто, потоа Романците со 16 отсто и Италијанците со 13 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП