26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Bugatti“ го испорача последниот „Chiron Super Sport 300+“ (ВИДЕО)

„Bugatti“ го испорача последниот „Chiron Super Sport 300+“ (ВИДЕО)

„Bugatti“ е за богати луѓе и веќе има 30 примероци во светот, како што е „Chiron Super Sport 300+“. Компанијата објави дека на своите верни фанови им го испорача последниот автомобил од серијата, кој е точно 30-тиот примерок.

Цената на ова „Bugatti“ е околу 3,5 милиони евра, а во 2019-та година прототипот „Chiron Super Sport 300+“ постави брзински рекорд меѓу сериските автомобили. На тест патеката Ера-Лесинг на Фолксваген во Германија, хиперавтомобилот управуван од поранешниот возач на Мекларен, Енди Валас, забрза до 490,4 km/h, што беше регистрирано од здружението за технички надзор „TÜV“. Во сериската верзија максималната брзина е ограничена на околу 442 km/h, а времето на забрзување од 0 до 100 km/h е 2,3 секунди.

Секој автомобил е придвижуван од ревидирана верзија на квад-турбо 8,0-литарскиот W16 мотор на „Bugatti“, кој се гледа во стандардниот „Bugatti Chiron“. Верзијата „Super Sport 300+“ доби дополнителна моќност од околу 100 ks и така се потпира на вкупно 1.578 коњи. Благодарение на менувачот со подолг однос, автомобилот може да ја достигне споменатата максимална брзина. Каросеријата од јаглеродни влакна со портокалови акценти му оддава почит на оригиналниот „Bugatti Veyron Super Sport World Record Edition“, кој беше најбрзиот сериски патен автомобил во 2010-та година.

„Bugatti“ инсталираше нов систем за управување со топлинска енергија на моторот и го измени софтверот за да ги усоврши моторот, погонот, менувачот и турбополначите. Моделот доби и дизајн со „долга опашка“, кој ја зголемува должината за 25 cm, со што се намалува аеродинамичниот отпор за повеќе од 40%.

Кристоф Пиошон, претседател на „Bugatti Automobiles“, рече: „Во долгата историја на „Bugatti“, имаше возила кои дојдоа да ја дефинираат нивната ера. „Type 35“ го трансформираше моторспортот, „Type 41 Royale“ го редефинира луксузот, „Type 57 SC“ постави нови стандарди за дизајн, а сега е „Chiron Super Sport 300+“, постигнувајќи брзини кои долго време се мислеа невозможни во сериски автомобил. Неговите достигнувања му донесоа легендарен статус во историјата на „Bugatti“ и ние сме воодушевени што ги видовме сите 30 примероци на „Chiron Super Sport 300+“ испорачани на некои од нашите најстраствени клиенти“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП