26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ја намали прогнозата за раст на германската економија

ММФ ја намали прогнозата за раст на германската економија

Германската економија годинава ќе порасне многу послабо од очекуваното, објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Германската економија се соочува со предизвици оваа и следната година, нагласи во средата експертот на ММФ за Германија Оја Челасун, пред се поради ограничувањата во снабдувањето со гас.

Тежина е и слабеењето на економијата на глобално ниво.

ММФ сега очекува најголемата европска економија да порасне за 1,2 отсто во оваа година, намалувајќи ја претходната прогноза за 0,8 процентни поени.

Во следната година, активноста би требало уште повеќе да се забави, со проценета стапка на раст од само 0,8 отсто, утврди ММФ, што е за 1,2 процентни поени послабо од она што го очекуваа досега.

Инфлацијата треба да достигне 7,7 отсто оваа година и да забави до 4,8 отсто во 2023-та година, под услов да се стабилизираат цените на енергијата, покажаа пресметките на ММФ.

Селасун предупреди на висок степен на несигурност во проценките, додавајќи дека најголемата закана за економијата ќе биде трајно и целосно прекинување на извозот на руски гас во Германија и Европа.

Експертот на ММВ ја повика Германија да биде флексибилна во својата финансиска политика за да може да реагира доколку ситуацијата се влоши. Флексибилноста би можела да опфати и повторено суспендирање на уставната одредба за задолжување.

ММФ даде попозитивна оценка за мерките преземени од страна на германската влада за обезбедување на снабдување со енергија, вклучително и увозот на течен природен гас (LNG) и складирање гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП