25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРусија ја прошири листата на непријателски земји, меѓу нив три од балканот

Русија ја прошири листата на непријателски земји, меѓу нив три од балканот

Русија го прошири списокот на таканаречените „непријателски држави“ и сега ги вклучува Хрватска, Словенија, Грција, Данска и Словачка.

Пет земји беа додадени на црната листа поради „непријателските дејствија против Русија, пред се против нејзините дипломатско-конзуларни претставништва“.

Земјите кои се додадени на списокот ќе бидат ограничени во ангажманот на соработници во амбасадите, конзулатите и државните претставништва на територијата на Русија.

– Списокот што го утврди владата не е конечен и може да се прошири со оглед на натамошните непријателски дејствија на државите, насочени против руските претставништва во странство – се наведува во владиното соопштение објавено на каналот Телеграм, пренесе Блиц.рс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП