26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЗастрашувачки сцени: Воз се запали на мост, патниците во паника ги скршиле...

Застрашувачки сцени: Воз се запали на мост, патниците во паника ги скршиле стаклата и скокнале во реката(ВИДЕО)

Воз се запали на мостот на реката Мистик во Бостон. Патниците, кои биле околу 200, во паника ги скршиле стаклата за да скокнат од прозорецот. Пожарот избувнал откако главниот воз се запалил поради дефект.

На видеата од социјалните мрежи може да се забележат патници како бегаат низ прозорците и излегуваат од возот, а некои дури и скокнаа од мостот во реката. Патниците опишаа дека слушнале силна експлозија или тресок, а потоа чад го наполнил вагонот. Настанала паника и луѓето се обиделе да ги отворат вратите и искршиле прозорци за да излезат на шините. Но и тоа на некои не им влевало доволно сигурност, па скокнале во реката.

“Бев многу исплашен. Немавме поим што се случува. Мислев дека сум побезбеден ако скокнам отколку ако одам по пругата”, рекол еден од патниците кој скокнал во реката.

И други скокнаа, а некои се обидоа да ги спречат. „Една жена викаше: „Не, не, не го прави тоа. Не скокај“. Гледаме во водата и гледаме жена која скокна од мостот и исплива. За среќа, никој не се удави“.

Генералниот директор за јавен транспорт на МБТА, Стив Пофтак, им се извини на патниците за инцидентот и ја нарече несреќата застрашувачки настан. Тој на прес-конференцијата рече дека причината е метално парче од обвивката кое се откачило и дошло во контакт со друга шина низ која течела струја.

При евакуацијата нема повредени патници. Оштетениот воз е однесен во складиште во Велингтон на дополнителна проверка. Беа известени и федералните транспортни служби и беше покрената истрага.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП