18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТМедведев: „Украина може да исчезне како земја“

Медведев: „Украина може да исчезне како земја“

Украина може да исчезне од светската мапа како земја, предупреди заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

„По државниот удар во 2014 година, Украина ја изгуби својата независност и падна под директна контрола на колективниот Запад и почна да верува дека НАТО ќе ја гарантира нејзината безбедност. Како резултат на сите актуелни настани, Украина може да го изгуби и она што е останато од нејзиниот државен суверенитет и да ја снема од светската мапа“, напиша Медведев.

Тој нагласи дека „украинските криминалци дефинитивно ќе бидат кривично гонети за злосторствата извршени врз народот на Украина и Русија“, пренесува Тас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП