Солидниот раст на кредитирањето на приватниот сектор на економијата од страна на банките продолжи и во јуни, со месечна стапка од 1% и годишен раст од 10%, што е над очекувањата со последните проекции на Народната банка. Растот на кредитирањето на корпоративниот сектор продолжи да забрзува и достигна 12,4% на годишна основа, со што се обезбедува значајна финансиска поддршка на реалниот сектор. Натамошен солиден раст од 7,7% бележат и кредитите одобрени на домаќинствата.
Во овој период беа задржани поволните каматни стапки на кредитите. Со податоците за мај, просечната камата за кредитирање на корпоративниот сектор изнесува 3,43%, додека за домаќинствата 5,06%.


