10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродлабочена рецесијата на Кипар

Продлабочена рецесијата на Кипар

CYPRUS-NICOSIA-BAILOUT PACKAGE-ATM

Економијата на Кипар во вториот квартал забележа уште подлабока рецесија, со забавување од 5,9 проценти на годишно ниво, покажуваат официјалните податоци.

Објавените податоци се полоши од прелиминарните податоци за забавување од 5,4 проценти и укажуваат на најголемиот пад на кипарската економија уште од средината на 70-тите години на минатиот век, пренесува Франс прес.

Приходите од туризмот малку овозможија да се ублажат последиците од кризата, но бројот на посети на туристи се намалил во последните неколку месеци.

Според податоците на заводот за статистика, градежниот, преработувачкиот, туристичкиот и услужниот сектор забележале пад на активноста во периодот од април до јуни.

Кипар во мај ја прими првата транша од спасувачкиот пакет од десет милијарди евра, кој е договорен со Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, со цел да се спаси економијата на оваа земја и да се подобри проблематичната состојба во нејзиниот банкарски сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП