18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЕкстремни горештини: Зошто се појавуваат и како се поврзани со климатските промени?

Екстремни горештини: Зошто се појавуваат и како се поврзани со климатските промени?

Драматични топлотни бранови, како и смртоносни поплави и пожари како последица на климатските промени се забележани ширум светот. Во делови од Европа овој месец се забележани температури над 40°C, што доведе до прекин на сообраќајот и недостиг на вода.

Емисиите од согорувањето на фосилните горива ја задржуваат топлината во атмосферата уште од почетокот на индустриската ера. Доколку не се намалат глобалните емисии, овој циклус ќе продолжи.

Подолги топлотни бранови

„За неколку децении, ова всушност може да се смета за прилично кул лето“, вели професорката Фридерике Ото, научник од Империал колеџ во Лондон.

Метеоролошката канцеларија истакна дека топлотните бранови не се само потопли, туку и подолго траат. Во област со висок притисок, топол воздух се турка надолу и останува заробен на своето место, предизвикувајќи зголемување на температурите ширум континентот, пишува Би-Би-Си.

Подолги сушни периоди

Како што топлотните бранови стануваат поинтензивни и подолги, сушите исто така може да се влошат.

Помалку дожд паѓа помеѓу топлотните бранови, така што влагата на почвата и залихите на вода се сушат побрзо. Ова значи дека на земјата и е потребно помалку време да се загрее, загревајќи го воздухот над и доведува до поинтензивна топлина.

Повеќе гориво за пожари

Пожарите можат да бидат предизвикани од директна човечка интервенција, но и природните фактори можат да играат голема улога.

Циклусот на екстремна и продолжена топлина предизвикана од климатските промени црпи се повеќе влага од почвата и вегетацијата.

Сезоната на пожари на северната хемисфера започна рано во некои области поради недостаток на врнежи и се влоши во текот на јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП