2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Канада се зголеми за 0,1 %

Невработеноста во Канада се зголеми за 0,1 %

kanada1

Стапката на невработеност во Канада во август се зголеми за 0,1 проценти и сега таа изнесува 7,1 проценти, пренесе Заводот за статистика на таа земја.

Бројот на невработени граѓани претходниот месец е зголемен за 59,000. Невработеноста најмногу е зголемена меѓу работно активните лица кои се вработени на одредено време, пренесува агенцијата АФП.

Најмногу работни места биле отворени во здравствениот сектор и во секторот за социјална помош.

Вработеноста е зголемена во информативниот сектор, секторот за култура и забава, потоа во стамбениот сектор и угостителството, како и во градежништвото.

Најголемата стапка на невработеност е забележана кај лицата постари од 55 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП