Украина побара од меѓународните кредитори да го замрзнат плаќањето на нејзините долгови на две години за да може да ги пренасочи финансиските ресурси во војната со Русија.
Соочувајќи се со проценет пад на БДП меѓу 35 и 45 отсто оваа година, украинскиот министер за финансии рече дека се надева дека ќе ги заврши преговорите и ќе обезбеди програма за репрограмирање на долгот од 20 милијарди долари до 9 август, пренесува Ројтерс.

