20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Германската економија би била сериозно погодена од прекинот на испораките на...

ММФ: Германската економија би била сериозно погодена од прекинот на испораките на руски гас

Прекинувањето на рускиот гас за Европа ќе го намали германскиот БДП за речиси пет отсто меѓу 2022 и 2023 година, според прогнозите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објавени денеска, бидејќи Берлин стравува од целосно затворање на протокот на гас преку гасоводот Северен тек.

„Комбинирајќи ги директните и индиректните ефекти и неизвесностите, прекинот на гасот би го намалил БДП за 1,5 отсто во 2022 година, за 2,7 отсто во 2023 година и за 0,4 отсто во 2024 година, во споредба со сценариото во кое Германија би продолжила да добива гас“, се наведува во извештајот на оваа меѓународна институција.

Кумулативната загуба на БДП помеѓу 2022 и 2024 година ќе биде 4,8 отсто во однос на БДП од 2020 година, соопшти ММФ.

Тоа е најголемата закана за првата економија на еврозоната, додава ММФ.

На почетокот на јуни Германија сè уште купуваше 35 отсто од гасот од Русија, а таа бројка беше 55 отсто пред војната.

Со аргументот дека му недостигаат турбини за ремонт во Канада, руски Газпром пред неколку недели намали 60 отсто од испораките на гас преку Северен тек 1, главната рута на гас во Европа. Берлин причината ја нарече „изговор“, велејќи дека тоа е „политичка“ одлука и изразувајќи стравување дека Москва нема да продолжи со испораките на тој начин на крајот на годишниот ремонт што започна минатата недела.

Реновирањето треба да заврши утре пред пладне.

Дури и да продолжи да добива руски гас, растот на германската економија ќе биде умерен во следниот квартал, оценува ММФ. Тоа се објаснува со слабоста на светската економија и тесните грла во извозната индустрија, столбот на германската економија.

ММФ предвидува раст на Германија од 1,2 отсто во 2022 година и само 0,8 отсто во 2023 година. Во исто време, инфлацијата, сè уште поттикната од цените на енергенсите, се очекува да остане висока во следните две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП