27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнаетот на власта посилен од маката на работниците!

Инаетот на власта посилен од маката на работниците!

ЕУ потврди дека цените, а не платите ја поттикнуваат инфлацијата. Со оваа констатација претставниците на Сојузот на синдикати на Македонија и порачаа на Владата дека не е во право, и згреши што не обезбеди пари со ребалансот за повисоки плати во јавниот сектор. Европската комисија го поддржа ставот на синдикатите дека растот на цените, особено на енергетиката, е примарен двигател на инфлацијата, а не зголемувањето на платите. Со ова Владата нема повеќе изговори дека зголемувањето на платите би можело да ја продлабочи и инфлацијата.

Од ССМ за Денар велат дека тие заедно со 138.000 работници во јавен сектор од 22.06.2022 година се во генерален штрајк токму за зголемување на платите на работниците во јавениот сектор, а во изминатиот период покрај другото од страна на владините претставници велат дека добивале изговори дека доколку се зголемат платите, ќе се придонесе до зголемување на инфлацијата што од страна на Европската комисија е потврдено како грешна теза.

Синдикалците ја потсетуваат  Владата  дека нивните братски синдикати Европската и Меѓународната конфедерација на синдикати со своите 250 милиони членови застанаа зад ССМ и барањата на работниците. Потврдуваат дека власта е должна да го почитува ставот на Европската комисија и веднаш треба да го прифати егзистенцијалното барање на работниците. Од ССМ не отстапуваат од барањето за потпишување на Општиот колективен договор за јавен сектор и веднаш да ги зголеми, односно усогласи платите на работниците во јавниот сектор за 2806 денари согласно зголемувањето на минималната плата и да има во предвид дека европските вредности се покажуваат на дело, а не со зборови.

„Во летната економска прогноза на Еропската комисија беше потврдено дека руската инвазија на Украина изврши дополнителен притисок врз растот на цените на енергенсите и храната, што ја намали куповната моќ на граѓаните. Зависноста од руските фосилни горива ја прави економијата на Европската унија особено чувствителна, а се очекува дека во остатокот од годината економската активност ќе се намали, економијата на ЕУ ќе се прошири, но со многу побавно темпо отколку што се очекуваше во прогнозата за пролет 2022 година. Ова доаѓа откако Европската централна банка потврди дека „многу фирми би можеле да ги прошират своите профити, што честопати имплицира дека потрошувачите, наместо акционерите, го сносиле најголемиот дел од инфлацискиот шок“. Бројките на Евростат, исто така, покажуваат дека европските компании го зголемиле својот удел во профитот од почетокот на пандемијата“, велат за Денар од ССМ.

Според информациите кои ги добивме од ССМ, Европската конфедерација на синдикати од европските власти бара дополнително оданочување на добивката, особено кога се зборува за големи енергетски компании. Ставот на синдикатот е дека приходите треба да се искористат за ублажување на растечките нееднаквости и создавање квалитетни работни места преку инвестирање во праведна транзиција кон зелена економија. Зголемување на законските минимални плати, во земјите каде што постојат такви закони, и повторно започнување на колективното договарање, особено на секторско ниво, за да се обезбеди правичен раст на платите.

Вчера во собранието се донесе ребалансот на буџетот, но пратениците од парламентарното мнозинство, односно од власта не кренаа рака за усвојување на предлог амандманот на ССМ за раст на платите во јавниот сектор од 2800 денари како и добивање на К-15 во висина од 30 до 100 отсто од просечната плата.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП