17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките во еврозоната се подготвуваат пред рокот да ги отплатат земените кредити

Банките во еврозоната се подготвуваат пред рокот да ги отплатат земените кредити

ecb6

Банките во еврозоната се подготвуваат наредната недела пред рокот да отплатат значителен износ од кризните кредити кои им ги додели Европската централна банка (ЕЦБ), што би можело да ги поткопа настојувањата на централната монетарна институција на еврозоната трошоците на задолжување да ги држи на ниско ниво.

Пет банки на 11 септември ќе отплатат вкупно 3,705 милијарди евра од првата „операција за долгорочно рефинансирање“ (LTRO), спроведена во декември 2011 година, а две банки 2,2 милијарди евра од вториот LTRO, спроведен во февруари 2012 година, соопштија денес од ЕЦБ.

Кредитите од првиот LTRO доспеваат за наплата дури во јануари 2015 година.

Најавениот извоз ќе биде најголем кој банките и го вратиле на ЕЦБ од крајот на мај и би можел да претставува проблем за централната монетарна институција на еврозоната доколку повлекувањето на готовината од финансискиот систем резултира со повисоки камати на пазарот. Токму таквиот тренд ЕЦБ настојува да го потисне.

Така од ЕЦБ вчера објавија дека се подготвени дополнително да ги намалат рекордно ниските основни каматни стапки или според потребата да вбризгаат повеќе пари во економијата на еврозоната со цел да го поттикнат падот на каматите на пазарот на пари.

Банките од ЕЦБ земаа повеќе од 1.000 милијарди евра тригодишни кредити во рамките на двете „операции на долгорочно рефинасирање“ (LTRO), спроведени во декември 2011 година и февруари 2013 година. Сега имаат можност за враќање на дел од тие кредити пред рокот, иако веќе вратија речиси една четвртина од долгот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП