2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИрска ќе побара превентивен кредит од 10 милијарди евра

Ирска ќе побара превентивен кредит од 10 милијарди евра

irska1

Ирска ќе побара превентивна кредитна линија од 10 милијарди евра по истекот на програмата за помош на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на крајот на годината, изјави во петокот ирскиот министер за финансии.

Како што пренесува весникот „Irish Independent“, Мајкл Нунан верува дека е можно да се постигне договор кој не би и наметнувал нови услови на владата во Даблин.

„Тоа би значело кредитна линија по која би можеле да посегнеме доколку биде потребно. Покрај кредитната линија која одговара на износот на годишиот буџетски дефицит, со други зборови околу 10 милијарди евра, во случај на непредвидени настани би можеле да располагаме и со потребниот износ за финансирање на целогодишниот дефицит и со тоа да обезбедиме непречено фукционирање“, изјави ирскиот министер за финасии Мајкл Нунан.

Во ресорното министерство ја потврдија неговата изјава.

Ројтерс минатиот месец објави дека Ирска ќе побара превентивен кредит.

Челникот на групата на министри за финансии на еврозоната Јерон Дејселблум деновиве изјави дека Ирска ќе добие помош со цел полесно излегување од програмата на меѓународни кредити, но не наведе детали околу евентуалната поддршка.

Ројтерс потсетува дека трошоците на задолжување на Ирска континуирано се намалуваат откако во 2011 година тие го достигнаа врвот, со што се создаваат услови за нејзин излез од 85 милијарди евра вредната спасувачка програма до крајот на годината. Ова би било прв случај некоја членка на еврозоната да излезе од ваквата програма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП