24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРускиот гас и нафта наместо во Европа одат во Азија

Рускиот гас и нафта наместо во Европа одат во Азија

Денеска беше потпишан стратешки договор со Иран, а Русија испраќа рекордни количини гас во Кина. Извозот на руски гас во Кина е зголемен за дури 60 отсто во првата половина од годинава.

Иранската национална нафтена компанија и рускиот енергетски гигант „Гаспром“ денеска потпишаа Меморандум за стратешка соработка, јавува иранската новинска агенција Тасним.

Иранската национална нафтена компанија нагласува дека ова е најголемата странска инвестиција во историјата на иранската нафтена индустрија.

Меморандумот е потпишан на денот кога рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Иран.

Во исто време, Русија испраќа рекордни количини гас во Кина. Извозот на руски гас во Кина е зголемен за дури 60 отсто во првата половина од годинава

Во неделата Русија испорача рекордно дневно количество гас во Кина преку гасоводот „Моќта на Сибир“, објави енергетскиот гигант Газпром.

Залихите беа испорачани според долгорочниот договор меѓу Гаспром и кинеската CNPC, се вели во соопштението на енергетскиот гигант во понеделникот на својот канал на Телеграм.

Претходно овој месец руската компанија објави дека извозот на гас во Кина се зголемил за над 60 отсто во првите шест месеци од оваа година. „Моќта на Сибир“ е дел од источната гасна рута од Сибир до Кина. Како главен купувач на руска енергија, Кина увезува и течен природен гас од земјата.

Зголемувањето во Кина следи по огромното намалување на протокот на гас во Европа преку гасоводот Северен тек 1 минатиот месец. „Газпром“ ја обвини за техничко прашање што произлегува од меѓународните санкции наметнати на Русија. Москва постојано повторува дека останува сигурен снабдувач на природен гас и дека ќе ги почитува своите договорни обврски кон своите клиенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП