23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТВо САД делуваат 2.000 сериски убијци: Откриено како остануваат под радар!

Во САД делуваат 2.000 сериски убијци: Откриено како остануваат под радар!

Пол Холмс целата своја полициска кариера ја посветил на истрагата за „студени случаеви“, а според неговите сознанија, сериските убијци се насекаде меѓу нас и остануваат неоткриени, делумно благодарение на полицијата.

Овој поранешен американски детектив, кој е најпознат по решавањето на случајот со „убиецот од Голден Стејт“, по долгогодишно истражување, ги сподели со јавноста своите заклучоци за активностите на сериските убијци во САД. Холмс тврди дека во моментов во САД оперираат најмалку 2.000 сериски убијци, пишува NY Post.

-Верувајте ми, тие луѓе ги има насекаде. Тие често избираат луѓе од маргините на општеството за жртви, луѓе чие исчезнување никој нема да го пријави. Проститутките, зависниците од дрога и бездомниците често се нивна омилена мета, вели Холмс.

Тој истакнува дека убијците често се кријат зад наркоманските кризи.

-Полицијата често ќе ја пронајде жртвата, патологот ќе утврди дека се работи за некој кој долго време бил зависник од дрога и случајот ќе биде заведен како предозирање. Никој нема да ги праша овие луѓе за мали детали или да спроведе целосна истрага. Ќе одат да работат на случај за кој луѓето се грижат – остар е Холмс кон своите поранешни колеги.

Инаку, убиецот од Голден Стејт, чие име е Џозеф Де Анџело, останал неоткриен речиси 50 години, иако извршил дури 13 убиства и 50 силувања.

-Не можете да знаете кои се овие луѓе. Тие личат на тебе и на мене. Тоа не се чудаци и осаменици, може да биде вашиот сосед кој функционира нормално, има добра работа и хармонично семејство. Знаат дека тоа што го прават е лошо и можат да престанат одреден период, но нивната желба за убивање е секогаш посилна на крајот, вели Холмс.

Во историјата на САД, серискиот убиец со најмногу потврдени жртви е Семјуел Литл, за кој е докажано дека извршил 61 убиство, но постои сомневање дека вистинската бројка е двојно поголема. Тој успеал да остане неоткриен цели 35 години. Тој почина во затвор во 2020 година, а беше осуден дури во 2014 година. Првата жртва ја убил во 1970 година.

-Меѓу неговите жртви имало многу луѓе од маргините на општеството. Затоа можеше да остане толку неоткриен, бидејќи убиствата на наркомани и проститутки не се меѓу приоритетите на полицијата, заклучува Холмс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП