20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПо 27 години „Renault“ го прекинува производството на „Megane“

По 27 години „Renault“ го прекинува производството на „Megane“

„Renault“ го прекинува производството на еден од најпопуларните модели во својата историја – „Megane“, а тоа се однесува на варијантата со мотори со внатрешно согорување, која остана на производната лента цели 27 години и смени 4 генерации.

Последната генерација беше претставена на саемот за автомобили во Франкфурт во 2015-та година и излезе во продажба следното лето. Беше достапен како хечбек со 5 врати, седан и караван, а се произведуваше во Шпанија и Турција. „Megane“ исто така беше основа за последниот моќен спортски автомобил на „RenaultSport“ (RS) пред поделбата да стане „Alpine“. Токму „Megane RS“ во 2019-та година стана најбрзиот автомобил со погон на предните тркала на Нирбургринг.

На глобално ниво, „Megane“ придонесе многу за растот на продажбата на „Renault“. Најсилната година на моделот беше 2004-та година, кога беа продадени 465.778 примероци. Со последната генерација, врвот беше во 2017-та година – 168.000 единици, додека во 2021-ва година беа нешто повеќе од 70.000.

Наследникот на „Mеgane“ е хечбек со сличен концепт, но донекаде наликува на „SUV“. „Renault Mеgane E-Tech“ е изграден на истата „CMF-EV“ платформа како и новата „Ariya“ на сојузниот партнер на „Nissan“. Французите во 2024-та година ќе пуштат и технички речиси идентичен „SUV“, на кој ќе му биде вратено името „Scenic“.

По прекинот на производството на „Megane“, главната улога во C-сегментот на „CNG“ моделите на „Renault“ ќе ја има „Captur“. Компанијата ќе продолжи да го нуди помалиот „Clio“ како и купе-кросоверот „Arkana“. А местото на „Megane“ на производната лента во Паленсија (Шпанија) ќе го заземе хибридниот кросовер „Austral“, кој е поголем по димензии и треба да му конкурира на „Toyota RAV4“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП