28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПресврт - Русија заостанува? Украинците: „Успеавме“

Пресврт – Русија заостанува? Украинците: „Успеавме“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските вооружени сили сега се способни да им нанесат значителни загуби на Русите.

Други украински официјални лица изјавија дека ситуацијата на бојното поле се менува бидејќи Западот испраќа оружје.

„Ние напредуваме чекор по чекор, ги прекинуваме испораките на окупаторите и наоѓаме и неутрализираме соработници“, рече Зеленски.

Валериј Залужни, врховен командант на украинските вооружени сили, изјави дека поради оружјето како американскиот систем ХИМАРС, ситуацијата на бојното поле се менува, пишува Си-Ен-Ен.

„Успеавме да ја стабилизираме ситуацијата. Сè уште е сложена и интензивна, но е под контрола. Навременото пристигнување на системот ХИМАРС значително придонесува за одржување на нашите одбранбени позиции, со кои извршуваме прецизни напади на непријателски контролни пунктови, муниција и магацини“, рече Залужниј, додавајќи дека му се заблагодарил на генералот Марк Мили за помошта на САД и нивните сојузници.

Алексеј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, за државната телевизија изјави дека „сега навистина имаме сосема поинаква ситуација отколку пред еден месец“.

Сега, благодарение на тоа што добиваме доволно оружје од нашите партнери, воспоставивме еднаквост на одредени позиции.

Говорејќи за ситуацијата во Донбас, шефот на регионалната воена управа на Луганск, Сергеј Гајдаи, во понеделникот рече дека „западното оружје работи со 200 отсто, бидејќи руските магацини и командните бази се веќе кренати во воздух“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП