25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтравовите на Германците? Инфлација, па војна - пандемија како да нема

Стравовите на Германците? Инфлација, па војна – пандемија како да нема

Наизглед незапирливиот галоп на цените ги загрижува Германците многу повеќе отколку украинската војна.

Судејќи според резултатите од редовното истражување на консултантската агенција McKinsey од понеделникот, населението ја прифаќа пандемијата како дел од животот.

Скоро секој втор од над 1.000 испитаници на една анкета од средината на јуни ја наведоа инфлацијата како нивна грижа број еден. Два месеци претходно, 40 отсто го кажале тоа.

„Зајакната е загриженоста на потрошувачите во врска со поскапувањата“, изјави Маркус Јакоб од McKinsey, пренесува dpa.

Во исто време, војната во Украина сега е помалку фактор на страв за Германците отколку пред неколку месеци – сега 24 отсто од испитаниците го навеле конфликтот како нивна примарна грижа, 10 отсто помалку отколку во претходната анкета.

За разлика од претходните две години, летото не ја потисна пандемијата и бројот на заразени повторно се зголемува, но сега само еден од 25 германци ја гледа како најголема опасност.

Инфлацијата веќе се одрази на секојдневниот живот во Германија.

„Огромното мнозинство, 73 отсто од нив, веќе ги променија навиките за трошење и штедат“, вели Јакоб.

Наместо скапи брендирани производи во брендирани продавници, луѓето често ги полнат корпите со поевтини, генерички производи во трговските центри, а храна купуваат во продавници со попуст наместо во бакалите и супермаркетите. Во исто време, „тој тренд се забрзува“, рече Јакоб.

Бензините, намирниците и сметките заземаат многу поголем дел од буџетот на потрошувачите денес, така што луѓето штедат на облека, обувки, мебел и електроника. Според McKinsey, три петини од Германците имаат намера да заштедат повеќе на енергијата во домаќинството. И покрај сето тоа, на крајот на месецот се помалку можат да одвојат некој денар на страна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП