27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГаспром прогласи „виша сила“ за испорака на гас во Европа

Гаспром прогласи „виша сила“ за испорака на гас во Европа

Компанијата Газпром прогласи „виша сила“ за испорака на гас во Европа.

Ова ќе влијае на најмалку еден голем купец, пренесува Ројтерс повикувајќи се на писмото од рускиот гасен холдинг до кој имал пристап денес.

Во писмото, од 14 јули, се наведува дека Гаспром не може да ги исполни своите обврски за испорака поради „вонредни“ околности кои се надвор од негова контрола.

Во него се додава дека е виша сила, што е клаузула во договорите на кои се повикуваат бизнисите кога ќе бидат погодени од нешто што е надвор од нивна контрола, е на сила од 14 јуни, додава британската агенција.

Еден трговски извор рече дека писмото се однесува на испораките преку гасоводот Северен тек 1, кој е главната рута за снабдување до Германија и пошироко во Европа.

Според британската агенција, оваа мерка веројатно дополнително ќе влијае на ескалацијата на тензиите меѓу Русија и Западот.

Европската унија, која воведе санкции кон Москва поради војната во Украина, има намера да престане да користи руски фосилни горива до 2027 година, но сака испораките да продолжат засега додека постепено не го прекине увозот на руски енергенси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП