23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТКадиров го претстави планот: „Подготвени сме“

Кадиров го претстави планот: „Подготвени сме“

Претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров изјави дека сите четири баталјони на специјалниот полк „Ахмат“ се целосно екипирани и опремени.

Кадиров претходно најави формирање на четири баталјони со импресивен број на персонал регрутиран исклучиво од Чеченци.

„Пополнет е полкот за специјална намена „Север-Ахмат“, именуван по херојот на Русија Ахмат Кадиров! Има борци кои го апсорбирале искуството од воените операции во Сирија и Украина. Тоа е борбена структура што е потребна денес, како трите пополнети баталјони „Исток-Ахмат“, „Запад-Ахмат“ и „Југ-Ахмат“, напиша Кадиров на својот профил на Телеграм.

Тој им се заблагодари и на мајките на борците што на синовите им влеале патриотски чувства и љубов кон татковината, како и на Магомед Даудов, претседателот на чеченскиот парламент, кој за кратко време го организирал регрутирањето.

„Ниту една војска во светот не може да им парира на нашите единици“

„Подготвени сме да одиме понатаму по наредба, лесно да ги окупираме Киев и земјите од НАТО. Ниту една војска во светот не може да им парира на нашите единици. Имаме искуство, оружје, вера, патриотизам, идеи и вистина! Западот сè уште не разбира колку сме силни… Борбата против Русија не е како да снимате холивудски акциони филмови. Подгответе ги белите знамиња! Се уште не сме почнале ништо сериозно“, додаде Кадиров.

На 24 февруари Русија започна воена операција во Украина. Претседателот Владимир Путин рече дека нејзината цел е „да ги заштити луѓето кои осум години беа изложени на геноцид од режимот во Киев“.

Како што соопшти Министерството за одбрана на Русија, на 25 март вооружените сили на Руската Федерација ги извршија главните задачи од првата фаза – значително го намалија борбениот потенцијал на Украина.

Главната цел на рускиот воен оддел сега е ослободување на Донбас, соопшти Министерството за одбрана. Заедно со руската армија, во регионот дејствуваат единици на ДНР и ЛНР.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП