20 април, 2024
ПочетнаКОРОНАЕУ: Подгответе се за нов бран на ковид во зима

ЕУ: Подгответе се за нов бран на ковид во зима

Комесарката за здравје и безбедност на храна на Европската комисија, Стела Киријакидес денеска ги повика 27. членки на Унијата да го искористат летото за да се подготват за нов бран на зараза со коронавирус во есен и зима.

„Со оглед на можното влошување на епидемиолошката состојба, од клучно значење е да се задржи будноста“, рече Киријакидес.

„Летните месеци мора да се искористат за преземање на неопходните активности во јавното здравство за следната фаза на пандемијата во есен и зима“, додаде таа.

Луѓето во Европа уживаат во летото без ограничувањата што беа на сила во последните две години, но напорите за ограничување на пандемијата мора да продолжат, рече таа.

Киријакидес повика на зголемени напори за примена на првите дози и дополнителни вакцини (т.н. бустери), потоа за подготовка на идната кампања за вакцинација против варијантата омикрон и за следење и тестирање во текот на целата година.

Здравствените власти треба да имаат сè подготвено за безбедно враќање на работа и на училиште по летниот распуст, рече таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП