6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТСе заканува апокалиптична топлина

Се заканува апокалиптична топлина

Топлотниот бран не го напушта поголемиот дел од Европа, а локалните власти во западниот дел на Франција предупредуваат на „апокалиптични горештини“ во 15 региони.

Температурите во југозападниот дел на Франција би можеле да ги соборат претходните рекорди, а пожарникарите се уште се борат со шумските пожари, додека илјадници луѓе се принудени да се евакуираат, јавува Би-Би-Си.

Пожарите во Шпанија, Португалија и Грција принудија илјадници луѓе да се евакуираат, а се очекуваат рекордни температури во делови од Велика Британија, каде што е издаден првиот црвен метеоролошки аларм поради екстремните горештини.

Шумските пожари кои беснеат во Франција во последните денови принудија повеќе од 16.000 луѓе да ги напуштат своите домови, поради што се организирани итни засолништа на најранливите групи.

Најзагрозен е департманот Жиронд, на југозападниот дел на Франција познат по најдобрите вина од Бордо, каде пожарникарите се борат со пожарите кои од минатиот вторник уништија над 14.000 хектари земја.

Француските власти наредија зголемување на бројот на авиони и пожарникари за гаснење пожари на отворено, додека локалните власти во југозападна Франција најавија нови планови за евакуација на неколку помали градови со околу 3.500 жители, бидејќи тие се изложени на ризик да се најдат на патот кон пожарот, пренесе порано АП.

Затоа се ангажирани уште три противпожарни авиони покрај шесте кои беа активни од почетокот на кризата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП