Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,610%, кај дизелот за 1,943%, кај екстра лесното масло за 1,302% и кај мазутот за 4,368%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит, Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,859 ден/кг и сега ќе изнесува 50,044 ден/кг.

