17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТШојгу: Мора да го уништиме оружјето со долг дострел на Украина

Шојгу: Мора да го уништиме оружјето со долг дострел на Украина

Руската армија мора да го уништи украинското оружје со долг дострел и да го запре гранатирањето на населени места во Донбас, изјави рускиот министер за одбрана, генерал Сергеј Шојгу.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека Шојгу му наредил на командантот на борбената група „Восток“, генерал-полковник Рустам Мурадов, со прецизни удари да ги уништи непријателските ракетни и артилериски средства со долг дострел, кои се користат за гранатирање населени места и намерно палење полиња со пченица и капацитети за складирање на жито.

Во Министерството, на новинарите им беше кажано дека Мурадов доставил извештај за моменталната состојба и спроведувањето на борбените задачи за поразување на непријателските сили во неговата зона на одговорност, пренесе ТАСС.

Шојгу претходно ги провери руските борбени групи „Југ“ и „Центар“, кои се под команда на генералот Сергеј Суровикин и генерал-полковник Александар Лапин. Тој им нареди на командантите да ги интензивираат своите напори, со цел да се елиминира можноста украинската армија да изврши големи ракетни напади врз Донбас и други области.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП