28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот може дополнително да се сопне

Биткоинот може дополнително да се сопне

Подобрувањето на макроекономските фактори, одреден образец на тргување и понатамошен потрес на компаниите и проектите – би можеле да бидат клучните поттикнувачи за понатамошен пад на биткоинот и поширокиот крипто пазар.

Биткоинот падна за повеќе од 70 отсто од рекордот во ноември, а околу 2 милијарди долари беа избришани од целиот пазар на криптовалути.

Во изминатите неколку недели, најпопуларната дигитална монета се тргуваше во тесен опсег помеѓу 19.000 и 22.000 долари, без големи знаци на нагорна линија. Биткоинот, пишува CNN, е под влијание на макроекономската ситуација на зголемена инфлација, која ги принуди Федералните резерви на САД и другите централни банки да ги зголемат каматните стапки.

Ова им наштети на ризичните средства како што се акциите. Криптовалутите, кои имаат одредена корелација со Волстрит, паднаа во тандем со акциите. Има и стравувања од рецесија.

-Мислам дека ако инфлацијата е под контрола, економијата е под контрола и нема навистина сериозна рецесија, тогаш пазарот ќе се стабилизира – изјави ЦК Женг во интервју за CNBC, кој е ко-основач на хеџ фондот ZX Squared, фокусирани на криптовалути.

Податоците за американската инфлација за јуни беа пожешки од очекуваното, продлабочувајќи ги стравувањата дека ФЕД ќе стане поагресивен во својата борба да го скроти растот на цените. Доколку има некакви индикации дека економијата и инфлацијата може да бидат „под контрола“, тоа би го забрзало падот на пазарот на криптовалути.

Во меѓувреме, истото би се случило доколку ФЕД беше „помек“, а американскиот долар беше на врвот на својата моќ.

Се споменува и шема која, всушност, подразбира „фаза на акумулација“, во која биткоинот го допира дното и останува таму во следните неколку месеци – додека повторно не оди нагоре. Сепак, некои предвидуваат дека популарната монета би можела да падне помеѓу 13.000 и 15.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП