Шефот на британските вооружени сили ги отфрли шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин „не е добро“ или дека ќе биде убиен.
Началникот на британскиот генералштаб, адмирал Тони Радакин беше прашан дали Путин, кој ја започна инвазијата на Украина во февруари, може да биде „соборен“ или да се соочи со „промена на режимот“. Но, тој и рече на Софи Раворт во емисијата Sunday Morning на Би-Би-Си: „Мислам дека некои од коментарите дека тој не е добро или дека некој ќе го убие или ќе се ослободи од него се желби“. „Како воени професионалци, гледаме релативно стабилен режим во Русија, претседателот Путин успеа да ја потисне секоја опозиција, гледаме хиерархија која му служи на претседателот Путин, така што никој од врвот нема мотивација да го предизвика претседателот Путин и тоа е мрачно”, рече тој.

