16 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ144. ден војна во Украина: Украинците жестоко возвратија; Паника во главниот град?

144. ден војна во Украина: Украинците жестоко возвратија; Паника во главниот град?

Русија се подготвува за следната фаза од својата офанзива против Украина, изјави украински воен претставник, откако Москва објави дека руските вооружени сили ќе ги интензивираат воените операции во „сите оперативни области“.

Киев тврди дека руски ракети и проектили паѓаат врз украинските градови во последните денови.

„Тоа не беа само ракетни напади од воздух и море. Гледаме гранатирање по целата линија на фронтот. Има активна употреба на тактичка авијација и напаѓачки хеликоптери. Јасно е дека сега се во тек подготовките за следната фаза од офанзивата“. изјави Вадим Скибицки, портпарол на украинската воена разузнавачка служба.

Украинците жестоко возвратија

Украинските сили во текот на ноќта ја гаѓаа населбата Јеленовка и областите Кировски и Кујбишевски во Доњецк, истрелаа 13 гранати од 152 милиметри, соопшти претставништвото на ДНР при Заедничкиот центар за контрола и координација на прекинот на огнот.

Мекејевка била гаѓана со три гранати од 152 милиметри, се додава во соопштението. Од претставништвото наведуваат и дека во 08 часот кон Пантелејмоновка биле испукани десет гранати од 152 милиметри.

Воздухопловните сили го чуваат небото на Луганск

Воздухопловните сили повторно го чуваа небото над Луганск, истрелани се најмалку 6 противвоздушни ракети за пресретнување воздушни цели, јавува дописникот на РИА Новости.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП