1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинансискиот советник на Путин: „Сега имаме клучна задача...“

Финансискиот советник на Путин: „Сега имаме клучна задача…“

Помошникот на ПУТИН Максим Орешкин рече дека Русија ќе направи се за да нема потреба од глобалниот банкарски систем SWIFT, кој стои зад Западот.

„Што се однесува до SWIFT, тоа е многу едноставно: ќе сториме се за да нема потреба од тоа. Тоа е всушност клучна задача во моментов, како што веќе спомнав“, рече советникот на рускиот претседател.

„Светот ги искористи доларот и еврото затоа што беше погодно“, рече помошник на претседателот. „Целиот свет беше заложник на западниот финансиски систем бидејќи сите беа навикнати на тоа, на сите ни одговараше. Кристално јасно е зошто Русија и Кина користат долари или евра. Чисто од навика“, рече Орешкин, додавајќи дека ситуацијата сега се промени и прометот со рубљи и јуани расте.

Орешкин најави и дека Централната банка на Русија би можела дополнително да ја намали основната каматна стапка и дека за тоа ќе се разговара на состанокот на 22 јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП