Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, одговарајќи на наводите на американскиот претседател Џозеф Бајден за вмешаност во убиството на новинарот Џамал Кашоги, го потсети американскиот лидер на погрешните проценки на Вашингтон.
-Ријад ги презеде сите мерки за да спречи слични грешки во иднина. Но, не заборавајте дека и САД направија низа погрешни проценки, како што е инцидентот во затворот Абу Граиб во Ирак, изјави Мохамед бин Салман.

