25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку суровини користи просечниот Европеец? (ИНФОГРАФИК)

Колку суровини користи просечниот Европеец? (ИНФОГРАФИК)

Во 2021-ва година, внатрешната потрошувачка на суровини во Европската унија изнесувала 14,1 тони по лице, што е за 4 отсто повеќе во споредба со пандемиската 2020-та година, покажуваат податоците на Евростат.

Неметалните минерали сочинуваат повеќе од половина од домашната потрошувачка на материјали (53%) во 2021-ва година, биомасата создава речиси четвртина (23%), фосилните горива сочинуваат речиси една петтина (18%) и металните руди 6% од вкупната потрошувачка.

Анализата на домашната потрошувачка по категории ја покажува релативната важност на различните суровини и нивниот потенцијал за повторна употреба, обновување или рециклирање.

Со текот на времето, моделите на потрошувачка на овие категории материјали се развиваат поинаку, покажува и статистиката.

Од почетокот на милениумот, домашната потрошувачка на материјали во ЕУ падна од над 15,4 тони по лице на околу 14,1 тони по лице во 2021-ва година.

Потрошувачката на биомаса остана релативно стабилна во овој период, за разлика од потрошувачката на метални руди и неметални минерали, кои беа силно погодени од финансиската и економската криза од 2008-2009 година, како и од мерките преземени како одговор на пандемијата со Ковид-19.

Сепак, Евростат забележува дека потрошувачката на неметални минерали е помалку погодена од Ковид-пандемијата отколку потрошувачката на метални руди.

Во меѓувреме, потрошувачката на фосилна енергија постепено се намалува во текот на изминатите две децении, како одраз на резултатите од намалувањето на емисиите на јаглерод. Сепак, 2021 година забележа благ пораст од значителниот пад забележан во 2020 година.

Нивото на домашна потрошувачка на материјали варира во голема мера помеѓу земјите, од 7 тони по лице во Холандија до 35 тони по лице во Финска во 2021-ва година.

Домашната потрошувачка на материјали во која било земја е под влијание на нејзините природни дарови и материјални ресурси, кои се важен структурен елемент на секоја економија.

Во 2021-ва година, потрошувачката на минерали се движи од 2 тони по лице во Холандија до 23 тони по лице во Романија. Разликите меѓу земјите може да произлезат од различните нивоа на градежна активност и инвестиции, густината на населението и големината на транспортната инфраструктура.

Потрошувачката на биомаса варира од еден тон по лице во Малта до 8 тони по лице во Ирска. Економиите со висока потрошувачка на биомаса често се специјализирани за производство на дрва (Финска) или сточарство (Ирска, Данска). Потрошувачката на фосилни горива се движи од еден тон по лице во Латвија до 8 тони по лице во Луксембург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП