5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГеоргиева: „Инфлацијата ќе биде скротена во 2023 година“

Георгиева: „Инфлацијата ќе биде скротена во 2023 година“

Генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева вчера оцени дека инфлацијата во светот најверојатно ќе се скроти следната година.

Kако што рече, ќе почне да функционира зголемувањето на каматите.

Според неа, глобалните каматни стапки ќе продолжат да растат до 2023 година, а дури тогаш ќе почнат да се оладуваат жешките цени како одговор на активностите на централните банки.

Цените на суровините, како нафтата, можеби се стабилизираа и почнаа да опаѓаат во последните месеци, но Георгиева смета дека тоа не мора да значи дека инфлацијата е скротена, туку дека тоа е реакција на пазарните играчи на ризиците од рецесија.

„Централните банки ги засилуваат мерките за контрола на инфлацијата и тоа е приоритет. Тие треба да продолжат да го прават тоа додека не стане јасно дека инфлациските очекувања се цврсто закотвени“, рече Георгиева за CNBC на маргините на состанокот на министрите за финансии на Г-20 во Бали.

Во моментов, додаде таа, сè уште гледаме раст на инфлацијата, па мораме „да ја прелиеме со ладен туш“.

Иако многу од податоците што се користат за одредување на индексот на потрошувачките цени доцнат, Георгиева рече дека сите знаци укажуваат на тоа дека инфлацијата сè уште не е контролирана и заклучи дека е најважно да се стави под контрола, инаку приходите ќе се намалат, а најтешко ќе ги погоди најсиромашните делови во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП