12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПлашејќи се од недостиг на гас, германците купуваат електрични греалки

Плашејќи се од недостиг на гас, германците купуваат електрични греалки

Стравувајќи од недостиг на гас во есен и зима, германците се повеќе купуваат електрични греалки, иако канцелариите за заштита на потрошувачите во петокот предупредија за неекономичноста на овој тип на греење.

„Гледаме натпросечна побарувачка за греалки“, објави синџирот продавници за електрична стока Медиа Маркт/Сатурн.

Синџирот продавници за градежен материјал Хорнбах забележа 100 отсто поголема побарувачка во однос на истиот период лани.

„Побарувачката нагло се зголеми во последните три недели“, вели Флоријан Преус од синџирот Хорнбах.

Во исто време, како што објави веб-страницата за споредба на цените Идеало, покрај огромниот пораст на побарувачката за електрични греалки, скокна и побарувачката за други алтернативи на гас, како што се печките на дрва и јаглен.

Како што јави агенцијата Дпа, граѓаните на Германија се повеќе стравуваат дека Русија може целосно да го прекине снабдувањето со гас за Германија. Од најавеното намалување на ноќната температура во становите на ова претпријатие стравуваат и граѓаните кои живеат во станови на една од станбените компании како што е Вонова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП