Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за разрешување на еден од неговите најблиски соработници Дмитриј Рогозин од функцијата директор на руската вселенска агенција „Роскосмос“ и на негово место го постави поранешниот вицепремиер Јуриј Борисов.
“Разрешете го Рогозин Дмитриј Олегович од позицијата генерален директор на вселенската корпорација Роскосмос. Одредбата влегува во сила од денот на нејзиното потпишување“, се наведува во еден од двата декрета. Со друг декрет, Борисов беше назначен за нов директор на Роскосмос.

