4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШри Ланка: Ја прифатија кинеската понуда „која не се одбива“ и завршија...

Шри Ланка: Ја прифатија кинеската понуда „која не се одбива“ и завршија во рецесија и хаос

Во време кога девизните резерви на Шри Ланка почнаа полека, но сигурно да се топат поради тежината на долговите во раните фази на пандемската криза, некои експерти предупредија дека би било идеално да се обрати до Меѓународниот монетарен фонд за помош, политички несакан потег кој често завршува со болни резови. Но, Кина, најголемиот поединечен доверител на островската држава во Индискиот Океан, излезе со понуда „која не се одбива“: Засега прескокнете ги горчливите апчиња на ММФ и едноставно исплатете ги старите долгови со дополнително задолжување.

Кина или Парискиот клуб?

Властите на Шри Ланка го прифатија решението и до 2020 и 2021 година, три милијарди долари кредитна помош се слеаа во буџетот од кинеските банки. Во 2022 година стигна сметката за болна наплата, а Шри Ланка деновиве е во најлош можен хаос. Уништена во виорот на долгови и галопирачка инфлација, земјата остана без долари со кои можеше да го плати увозот на основните стоки. Резултат: Граѓаните се без гориво, градовите без осветлување. Кога владата одлучи да се обрати до ММФ во април, веќе беше доцна. Економијата вртоглаво паѓаше во најлошата рецесија од независноста во 1948 година, а тоа доведе до немили сцени во земјата од речиси 22 милиони жители. Претседателот Готабаја Раџабакса буквално спаси жива глава во последен момент бегајќи со воен авион од демонстрантите кои упаднаа во неговата резиденција.

„Да бевме паметни ќе ги искористевме малите резерви што ги имавме пред 12 месеци за реструктуирање на долгот, а не да трошиме додека не снемаме сè“, рече Али Сабри, привремен министер за финансии на првата азиска земја по Пакистан, која се најде во таква ситуација да не може повеќе да ги исполнува своите меѓународни обврски. И што сега? Преговорите на Шри Ланка со ММФ ќе бидат тест за подготвеноста на Кина да и помогне на оваа земја да излезе од должничката криза, за што, според критичарите на Пекинг, придонесе за ова со улога која е релативно нова за неа.

Имено, повеќе од 60 години со кредитирање на земјите во развој речиси исклучиво се занимаваше Парискиот клуб, неформално здружение на 22 најголеми доверители како што се САД, Франција, Германија, Јапонија и Јужна Кореја. Често постапувајќи во координација со ММФ, Клубот потпиша 443 договори со 90 земји, со што се реструктуираат речиси 500 милијарди долари државни долгови. Реструктуирањето честопати беше болно и за должниците и за доверителите кои знаеја да се откажат од дел од долгот. Кина не е членка на парискиот клуб бидејќи не беше доверител до средината на претходната деценија, но штом стана, практично не застана и податоците од Светска банка сега покажуваат дека има позајмени пари повеќе од сите земјите од парискиот клуб заедно. Проблемот е што Пекинг не се води според принципите на Западот да позајмува онолку колку што државата должник би можела да врати во иднина и дека инсистира секој долар да му биде вратен, дури и по цена да го продолжи животот во долгови колку што треба да биде, пишува Волстрит журнал.

Останаа и без земјоделски култури

Замбија, Етиопија, Кенија, Камбоџа и Лаос веќе ја почувствуваа другата страна на кинеските заеми. Доколку во страв дека нема да можат да ги вратат парите се обратат до ММФ за помош, Кинезите обично одложувале да се договорат да седнат на иста маса со ММФ и должникот за да го решат проблемот поради меѓусебно несогласување меѓу кредиторите. Се разбира, да се обвинат Кинезите за сè, дури и во случајот со Шри Ланка, би било крајно погрешно. Протестантите, кои во меѓувреме упаднаа во кабинетот на премиерот, ја критикуваат политичката елита за широко распространета корупција и непотизам. Во сè имаше малку лоша среќа, бидејќи пандемијата одзеде значителен редовен приход од туризмот, но касата беше опустошена од многубројните намалени даноци, како и забраната за хемиски ѓубрива, што го намали и количеството на земјоделски култури.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП