18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК предлага договор за гас меѓу ЕУ и Азербејџан

ЕК предлага договор за гас меѓу ЕУ и Азербејџан

Европската комисија им нуди на земјите на ЕУ договор со Азербејџан за зголемување на увозот на природен гас и поддршка на проширувањето на гасоводот потребно за тоа.

Ова го објави агенцијата „Reuters“, повикувајќи се на нацрт документ на комисијата.

Нацрт-меморандумот за разбирање, за кој треба да се одобри од инволвираните влади и сѐ уште е предмет на промена, е дел од напорите на Европската унија да ја намали зависноста од рускиот гас.

„ЕУ и Азербејџан имаат за цел да ја поддржат билатералната трговија со природен гас, вклучително и преку извоз во Европската унија преку Јужниот гасен коридор од најмалку 20 милијарди кубни метри гас годишно до 2027-ма година, во согласност со комерцијалната одржливост и побарувачката на пазарот“, се наведува во документот од 11-ти јули до кој дојде „Reuters“.

Трансјадранскиот гасовод, последниот крак на гасоводната мрежа на Јужниот гасен коридор, минатата година испорача повеќе од 8 милијарди кубни метри азербејџански гас во европските земји како Италија.

Нацртот вели дека двете страни ќе охрабрат финансирање за проширување на оваа мрежа за зголемување на снабдувањето во Европа, додавајќи дека таквите инвестиции мора да бидат способни да носат гас со ниска содржина на јаглерод во иднина за да се избегнат долгогодишните емисии, затоплувајќи ја планетата.

Зголемувањето на испораките ќе бара и од Азербејџан да го прошири домашното производство на гас.

Нацртот ја нагласува важноста на „долгорочните, предвидливи и стабилни договори“ за да се обезбеди сигурност за производителите на гас. Но, исто така се вели дека идните договори за гас ќе треба да се усогласат со целите на ЕУ за климатските промени, за кои Брисел вели дека ќе бара остри намалувања во употребата на гас, особено по 2030-та година, објави „Reuters“.

Двете страни треба да ги засилат активностите за ограничување на емисиите на метан, моќен стакленички гас, во нивните синџири на снабдување, вклучително и преку стимулации за зафаќање на гас што инаку би истекувал во атмосферата, се вели исто така во нацрт-документот.

Загриженоста за натамошни кратења во испораките на руски гас се зголеми оваа недела, бидејќи започна планираното одржување на гасоводот „Северен тек 13, кој ја снабдува Германија со руски гас.

Голем број европски влади и компании предупредија дека Москва би можела да го продолжи прекинот надвор од планираниот 10-дневен период до 21-ви јули за годишно одржување на виталниот гасовод.

Во нацрт-договорот се вели дека ЕУ и Азербејџан, исто така, ќе го истражат развојот на интерконекции со електрична енергија за да промовираат обновливи извори на енергија и да разговараат за идната трговија со водород.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП