26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина собори рекорд на потрошувачка на електрична енергија поради екстремните горештини

Кина собори рекорд на потрошувачка на електрична енергија поради екстремните горештини

Максималното оптоварување на електричната мрежа во Кина во текот на вчерашниот ден достигна рекордни 1,22 милијарди киловати поради ненадеен скок на температурата на воздухот. Производството на електрична енергија истиот ден достигна 27,854 милијарди киловат часови.

Неколку градови веќе соборија рекорди со високи температури, а синоптичарите очекуваат екстремните временски услови да траат со денови, што директно ќе влијае на побарувачката на електрична енергија.

„Вложуваме максимални напори за да обезбедиме снабдување со електрична енергија за време на летниот период на шпиц на побарувачката и засега ситуацијата е стабилна“, рече Ли Јункинг, директор на Оперативното биро на Националната комисија за развој, пренесе Танјуг.

Инаку, вкупната побарувачка на електрична енергија во Кина се прогнозира да расте многу побавно во 2022 година отколку во нормалните години поради карантините и ограничувањата за движење за време на епидемијата.

Силниот раст на производството на хидроенергија во Кина оваа година, поттикнат од рекордните врнежи, исто така му помага на најголемиот светски потрошувач на електрична енергија да го спречи недостигот на електрична енергија и да ја намали потрошувачката на јаглен. Ли рече дека државниот планер ги повикува регионите на јаглен да го зголемат производството каде што е можно, а електраните во моментов имаат на залиха 170 милиони тони јаглен, што е за речиси 60 милиони тони повеќе од истиот период минатата година и доволно за 26 дена потрошувачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП