26 јуни, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНе заборавајте да им се заблагодарите на вашите вработени!

Не заборавајте да им се заблагодарите на вашите вработени!

thankyou1

Кога им се заблагодарувате на вашите вработени, бидете точни во пораките. Препознајте го нивниот труд и мотивирајте ги да се трудат  понатаму. Не чекајте кога тие се на одмор, или пак на некоја формална коктел-забава организирана од фирмата, за да им честитате. Сите вработени сакаат да бидат пофалени за нивната работа, но не секој вработен сака да биде пофален на ист начин. Постојат 10 начини на кои може да им се заблагодарите:

1. Луѓето кои се на едниот крај од “спектарот на изразување“ и ги користат своите преговарачки вештини како предност – напишете им “секоја чест за начинот на кој го споделуваш својот ентузијазам“ или “ти благодарам за комуникацијата која ја остваруваш со клиентите“.

2. Луѓето кои се на “потивкиот“ крај на “спектарот на изразување“ и кои ценат само лична комуникација очи во очи – напишете им “ги ценам решенијата кои ги смислуваш“ или “го ценам твојот однос кон сите вработени во компанијата“

3. Луѓето кои имаат пониска самодоверба и строго ги следат само вашите задачи без да учествуваат со нивни предлози – напишете им “ти благодарам што го одржуваш моментумот“ или “ти благодарам за одлуките кои ги донесуваш во компанијата“

4. Луѓето кои се сложуваат и муабетат со сите вработени во компанијата – напишете им “ти благодарам што го задржуваш мирот во компанијата“

5. Кога станува збор за “спектарот на флексибилност“, на вработените кои се ангажираат за внесување промени напишете им “ја ценам твојата иницијатива за промени“ и “ти благодарам за тоа како се справи со (некој тежок клиент)“

6 .Од другата страна на “спектарот на флексибилност“ пак, се наоѓаат луѓе кои се фокусирани и имаат силни мислења. Можете да им напишете “зависам од твојата поддршка“ или “секоја чест за твоите убедувања“

7. Aналитичарите кои вреднуваат интелигенција и индивидуалност наспроти тимска работа – “ги ценам прашањата кои ги поставуваш на дискусии“ или “го почитувам твоето знаење“

8. “Структурни“ луѓе кои сакаат да слушаат детали – напишете им “секогаш ги исполнуваш твоите задачи пред рокот-навистина импресивно!“

9. Оние кои работаат во тимови и се концептуални по природа сакаат да се чувствуваат посебно. Напишете им “Твоето решение за (некој проблем) беше прекрасно“ или “Ти благодарам за твоите креативни долгорочни решенија!“

10. Оние кои се социјални по природа и сакаат да ви угодуваат – напишете им “Ти благодарам за твоите тимски вештини“ или “Навистина тоа не можеше да биде направено без твојата помош“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП