28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнститут од Киев: „Русите украле 613 милиони долари во жито и нафта“

Институт од Киев: „Русите украле 613 милиони долари во жито и нафта“

Украинскиот центар за истражување на храна и користење на земјиштето при Киевскиот институт КСЕ претстави нови податоци.

Имено, овој институт тврди дека Русите од почетокот на војната од Украина однеле повеќе од 613 милиони долари во жито и нафта.

Според еден од експертите на Центарот, Роман Нојтер, досега се оштетени или уништени полиња со жито со капацитет од четири милиони тони, објави украинската веб-страница prm.ua.

Некои од полињата се уште не се достапни, бидејќи се наоѓаат на територии окупирани од руската армија, се додава во извештајот на Центарот.

„Вкупниот износ на штетите и загубите од руската инвазија во земјоделството е 27,6 милијарди долари“, велат од Киев.

Меѓу нив, најголеми загуби се должат на неожнеаните култури во износ од 1,4 милијарди долари, како и поради уништената опрема – 926 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП