23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВицепремиерот на Романија: „Ќе платиме за санкциите против Русија. Ќе биде сурова...

Вицепремиерот на Романија: „Ќе платиме за санкциите против Русија. Ќе биде сурова зима“

Претстојната зима би можела да биде најтешка за цела Европа во последните 60 години – Европската унија ќе плати за санкциите што беа воведени против Русија.

Ова го изјави вицепремиерот на Романија Келемен Хунор, пренесува Спутник.

„Прво, ние, Европската унија, ќе платиме за санкциите против Русија. Европа, ЕУ, ние, треба отворено да кажеме: сите ќе ја платиме цената за тоа оваа зима. За жал, тоа во моментов не е предвидено. Нема знаци дека доаѓа крајот на војната. Тоа ќе биде сурова зима, а можеби и најтешка во последните 40, 50, 60 години, за жал, за цела Европа“, изјави Хунор за ТВ Б1.

Како што истакна, конфликтот на територијата на Украина ќе трае подолго отколку што сите мислеа, што ќе влијае и на ЕУ.

Сепак, Хунор смета дека санкциите сепак требало да се воведат, бидејќи „немало други лостови на влијание“.

Сепак, според него, Романија ќе се справи со енергетските проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП