26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали во вас се крие европскиот прототип на богаташ?

Дали во вас се крие европскиот прототип на богаташ?

Бројката од почетокот на оваа година вели дека Европа е дом на приближно 13,5 милиони милионери. Има околу 2.660 милијардери според следниот распоред: Германија, Русија, Италија, Велика Британија, Шведска, Франција и Швајцарија.

Каква личност има милионерот (милијардерот) и по што се разликува од некој што не успеал да „заработи“ богатство?

Во едно од поновите студии кои се занимаваа со богатите Германци, научниците успеаја да извлечат прототип на личноста на милионер. Како прво, тие докажаа дека богатите значително се разликуваат од остатокот од светот, не само по богатството, туку и по карактеристиките на личноста.

Прототипот на богаташите

Според резултатите од ова истражување, богаташот пред се:

-Доброволно и лесно презема ризици, толерантен е на ризици
-Многу е отворен, љубопитен, има искрена потреба од промени и независно мислење, во никој случај не е склон кон догматски ставови, ја сака различноста.
-Води живот полн со искуства бидејќи е склон кон експериментирање, нови идеи и неконвенционални вредности
-Поинтензивно ги чувствува и позитивните и негативните емоции
-Тој секогаш го доведува во прашање авторитетот
-Тој не изгледа конвенционално или делува конвенционално

Што се однесува до односот со околината, се покажа дека богаташот е:

-Друштвен и сака собири на луѓе
-Зборливи, полни со самодоверба, весели и активни, импулсивни
-Сака возбуда и е оптимист

Како богаташот се справува со хедонизмот?

За поцелосен опис на прототипот на личноста на богатите, истражувањето се занимавало и со односот на богатите кон планирањето, организацијата и самоконтролата.

„Богат човек, милионер, има силна волја, насочен е кон целта, скрупулозен е, точен и сигурен. Тој е совесна личност која не е склона кон хедонизам“, напишале истражувачите во заклучокот.

Што се однесува до кризните ситуации во кои просечниот човек се чувствува анксиозен, вознемирен, повреден, депресивен или лут, прототипот на личноста на богатиот е мирен, опуштен и емотивно стабилен. Накратко, тој нема склоност кон негативни чувства и има завидна способност да го надмине стресот.

Не се сите богаташи исти

Интересна тема со која се занимаваше и ова истражување е разликата помеѓу богатите кои наследиле богатство и „самонаправените“ богаташи. Се покажа дека постојат значителни разлики во карактеристиките на личноста на овие два вида на богаташи.

„Самонаправените“ богаташи покажуваат поголема толеранција кон ризиците, се емотивно постабилни, поотворени во секоја смисла, посоцијални и посовесни од наследниците на богатството.

Без разлика дали достигнале милиони преку заштеди (за што во просек се потребни 30 години), дали заработиле од некоја висока извршна позиција (просечното време потребно е 25 години) или успеале како претприемачи (за што се потребни 12 години работа), богатите луѓе се специјалисти во својата област и секогаш подготвени да учат.

Колку повеќе се истакнати и развиени горенаведените особини на личноста, толку е пополн паричникот за личноста што ги носи.

Зошто е важно да се знае прототипот на личноста на еден богаташ?

Многу богати луѓе се и влијателни луѓе во политичките и другите општествени процеси. Притоа, тие ја користат својата економска моќ преку фондации, разни групи, медиумски кампањи како инвеститори и работодавачи. Како и секој друг, личноста на богатите се обликува, меѓу другото, од целите кон кои се стреми, ставовите и однесувањето и затоа е важно добро да се разбере.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП