26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД бележат најголем годишен пораст на инфлацијата во последните 40 години

САД бележат најголем годишен пораст на инфлацијата во последните 40 години

Во Соединетите Американски Држави е забележан најголем годишен пораст на инфлацијата во последните 40 години, на што во голема мера влијаеле повисоките цени на горивата и храната, а таквиот развој придонесе Федералните резерви да ја подигнат референтната каматна стапка за 0,75 отсто до крајот на јули.

Индексот на потрошувачките цени се зголеми за 1,3 отсто во јуни, a за еден отсто во мај, објави во средата американското Министерство за труд, пренесува Слободна Европа.

Во однос на јуни минатата година, индексот на потрошувачките цени е зголемен за 9,1 отсто, што претставува највисока инфлација од ноември 1981 година.

Агенцијата Ројтерс посочува дека се очекувало преминот од купување на стоки кон користење услуги да влијае на намалувањето на инфлацијата, но состојбата на пазарот на труд придонесува за зголемување на платите, што повлекува зголемување на цените на услуги.

Цените на горивото достигнаа рекордно ниво во јуни и во просек изнесуваа повеќе од пет долари за галон, според невладината Американска автомобилска асоцијација. Горивото оттогаш падна на 4,6 долари, што може да го намали притисокот врз потрошувачите.

Зголемувањето на инфлацијата во САД е придружено со информации за зголемена вработеност. Во текот на јуни, 372.000 луѓе нашле работа, објавија властите, а стапката на невработеност е на рекордно ниско ниво.

Високата инфлација и зголемените трошоци за задолжување создаваат стравувања од можна рецесија на почетокот на следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП