18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска официјално во еврозоната

Хрватска официјално во еврозоната

Советот за економски и финансиски прашања на ЕУ (Екофин) донесе три завршни правни акти кои се потребни за да може Хрватска да го воведе еврото на 1 јануари 2023 година, а меѓу нив е и одлуката за курсот на конверзија на куните во евро на централен паритет од 1 евро = 7,53450 куни.

Дефинитивниот курс е еднаков на курсот по кој куната беше вклучена во Европскиот механизам за девизен курс (ЕРМ II) пред две години.

Покрај уредбата со која се утврди дефинитивната стапка на конверзија од куни во евро, Екофин донесе уште два законски акти – одлуката за прифаќање на еврото во Хрватска и измена на уредбата со која Хрватска ќе се додаде на листата како 20-ти член.

Со овие одлуки процедурата за одлучување во Советот е завршена, а Хрватска од 1 јануари 2023 година ќе стане 20-та членка на еврозоната.

-Би сакал да им честитам на мојот колега Здравко Мариќ и на цела Хрватска што стана 20-та земја што влезе во еврозоната. Воведувањето на еврото не е трка, туку одговорна политичка одлука. Хрватска успешно ги исполни сите неопходни економски критериуми и ќе плаќа во евра од 1 јануари 2023 година, изјави чешкиот министер за финансии Збинек Стањура, кој претседава со Екофин.

Поранешниот министер за финансии Здравко Мариќ рече дека ова е многу силна, позитивна порака до сите граѓани на Хрватска.

На четири месеци пред пристигнувањето на еврото, на почетокот на септември во Хрватска ќе започне задолжителното двојно прикажување на цените во куни и евра. Обврската за двапати прикажување на цените ќе трае цела наредна година, пренесува Индекс.

Во првите две недели по влегувањето во еврозоната ќе биде во сила двојната циркулација, ќе се користат куни и евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП