Украина и Русија се на прагот да постигнат договор за извоз на жито, изјави министерот за надворешни работи на Украина Дмитриј Кулеба во интервју за шпанскиот весник „Паис“.
-Украина е подготвена да го извезе своето жито на меѓународниот пазар. На прагот сме да постигнеме договор со Русија. Ние сме во завршна фаза и сега се зависи од Русија. Ако навистина сакаат, наскоро ќе почнe да се извезува жито, тврди Кулеба.

