5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтата „брент“ падна за седум отсто, под 100 долари за барел

Нафтата „брент“ падна за седум отсто, под 100 долари за барел

Цената на барел нафта од типот „брент“ од Северното Море падна под 100 долари на затворањето на вчерашното тргување за прв пат по три месеци, поради стравувањата од можноста од глобална рецесија што ќе доведе до пад на побарувачката.

Цената на Брент за испорака во септември изгуби 7,10 отсто и заврши на 99,49, под 100 долари, додека барел американски WTI за испорака во август загуби 7,92 отсто од вредноста и заврши на 95,84 долари.

„На Запад, комбинацијата од високите цени на енергенсите и зголемувањето на каматните стапки ги поттикнува стравувањата од рецесија која би имала сериозно влијание“ на нафтениот пазар, рече аналитичарот на Комерцбанк, Карстен Фрич.

Новиот бран на ограничувања во Кина поврзани со коронавирусот ги загрижува и инвеститорите кои стравуваат дека ќе има нови заклучувања на градовите.

Друг аналитичар истакна дека побарувачката во Кина, најголемиот светски увозник на нафта, е забавена и дека се стравува како ќе изгледаат податоците за растот во вториот квартал, кои ќе бидат објавени во петок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП